Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето од Мастерс серијата 1000 во Рим.
Надал во првото полуфинале во Рим ја потврди одличната форма на земјена подлога и го сруши Новак Ѓоковиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Надал поведе со 4:2 во првиот сет, сепак Новак успеа да го врати брејкот за Шпанецот во тај-брејкот да стигне до предност.
Тој момент малку како да го погоди Ѓоковиќ кој веќе во третиот гејм го изгуби сервисот и Надал поведе 3:1, а на крајот дојде и до нова победа.
Ова беше прв меч на Новак и Рафа во новата сезона, а во претходниот минатата година Надал во Мадрид славеше со 2:0. Кога во прашање е меѓусебниот скор Ѓоковиќ има 26 победи, Надал 25.
Во финалето Надал ќе игра против подобриот од мечот Чилиќ – Зверев.
Надал – Ѓоковиќ 7:6, 6:3.