Германскиот селектор Јулијан Нагелсман во интервју за германскиот „Дер Шпигел“ зборуваше за непознати детали од неговиот живот.
Нагелсман сега за првпат во јавноста откри дека неговиот татко се самоубил кога тој имал сасмо 20 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се случува често да размислувам за тој ден. Татко ми не остави порака за самоубиство, немаше објаснување. Сепак, со начинот на кој си го одзема животот ни стави до знаење дека одлуката му била јасна.
Ние како семејство никогаш не го прифативме тој момент, меѓутоа ми помогнам да сфатам дека тој навистина сакал да умре, воопшто немало повик за помош или некаков сигнал. Мислам дека колку и да ни е тешко сите моравме да ја прифатиме неговата одлука“, раскажа Нагелсман.
Главната причина која го натерала на таков чин според Нагелсман е притисокот од работата. Неговиот татко работел во разузнавачка служба.
„Според мене му се собрало комбинација од оптеретување и општата состојба. Веројатно бил под голем притисок. Не смееше да разборува за својата работа на никого, често пати знаеше да зборува дека му е преку глава од се. Беше многу храбра личност“, додаде германскиот селектор.