Дома Фудбал Нагелсман: Шкотска ме изненади

Нагелсман: Шкотска ме изненади

Фудбалерите на Германија ја совладаа репрезентацијата на Шкотска со 5:1 во првиот натпревар на Европското првенство.

Стрелец на водечкиот гол за Германија беше Флоријан Вирц во 10. минута. Предноста на Германците ја удвои Џамал ​​Мусиала во 19. минута, а за 3:0 стрелец беше Каи Хаверц од пенал во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме. Никлас Фулкруг погоди за 4:0 во 68. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шкотите го намалија резултатот на 4:1 во 87. минута со автоголот на германскиот дефанзивец Антонио Рудигер, а потоа Емре Џан ги постигна конечните 5:1 во 93. минута и со тоа на Германија и ја донесе најубедливата победа во настапите на Европските првенства, а ова беше и најголемата победа на една екипа на отворањето на ЕП.

Нагелсман изненаден од слабата Шкотска
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман беше воодушевен од играта на својата репрезентација, особено во првото полувреме и призна дека не очекувал дека Шкотска ќе биде толку слаба.

„Среќен сум. Не е лесно да се игра првиот меч на ЕП на домашен терен – се истакнавме во првите 20 минути. Примивме гол, но тоа не е важно. Морам да признаам дека бев малку изненаден од настапот на Шкотска. Очекував да бидат многу поагресивни во првите 20 минути. Мислам дека беа изненадени од нашиот посед и концентрација. Се бранеа подлабоко и не вршеа притисок како во квалификациите“, изјави тренерот на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…