Дома Видео Навивач на Ливерпул разочаран на Маракана: Ве молам, одете си дома!

Навивач на Ливерпул разочаран на Маракана: Ве молам, одете си дома!

Како на навивачите на Ливерпул да не им беше доволен поразот од Звезда со 2:0, туку проблемите продолжија и после натпреварот.

Од безбедносни причини, вообичаено е гостинските навивачи малку да почекаат домашната публика да си отиде за да бидат пуштени од стадинонот, но навивачите на Ливерпул синоќа добро се начекаа да го напуштат стадионот Рајко Митиќ во Белград.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Поголем дел од навивачите на Звезда ја напуштија Маракана непосредно по натпреварот, но не сите. Поголема група од Делиите остана на северната трибина каде полавина час по натпреварот пееше песни за Милан Павков, што беше како сол на раната за гостите од Англија.

Делиите на стадионот се задржале повеќе од што били планирано, што автоматски биле задржани и навивачите на Ливерпул, кои едвај чекаа да излезат од Маракана, а еден од нив објави кратка снимка и напиша: „Само идете си дома, да можеме и ние да си одиме.“

Наводно навивачите на Ливерпул за излез од стадионот чекале час ипол, што веројатно не е забележано до сега.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Погледнете го пеколниот тим со кој Ливерпул ќе ги нападне сите трофеи (Фото)

Иако минатата сезона доминираше и ја освои Премиер лигата, Ливерпул одлучи дека ова лето м…