Голема прашин се подигна после изјавата на капитенот на сопругата на Интер.
Ванда Нара сопругата и агент на стрелецот на 29 погодоци во Серија А оваа сезона неодамна изјави дека Икарди има откупна клазула од 110 милиони евра и дека тоа е мала цена за играч од негов калибар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа Ванда потенцираше и дека Икарди мора да потпише нов подобар договор, во спротивно би можел да замине.
Сега стана јасно дека тоа било само обид на Аргентинката да издејствува нов договор за својот сопруг.
Имено, еден навивач по ваквата изјава на Ванда и посвети Твит.
„Ако Мауро не остане во Интер ќе се убијам и ти ќе ме носиш на душа“, напишал навивачот.
Набрзо тој доби смирувачка порака токму од Ванда Нара.
„Опуштено… тој останува“, возврати Ванда.
Relax … rimane ❤️ https://t.co/fMR5AEj9Ad
— Wanda_Icardi (@wandaicardi) May 23, 2018
Значи, според ова можеме да заклучиме дека Икарди останува со нов и подобар договор.