Веќе неколку месеци траат шпекулациите за трансферот на Давид Алаба во Реал Мадрид, а се чини дека “сапуницата“ полека се ближи кон крајот.
Епилогот е горе-долу познат. Давид Алаба од летоска ќе стане нов играч на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австриецот во редовите на баварскиот гигант пристигна уште во 2007. година, каде остави длабок траг, но одлучи дека е време да најде нов предизвик во својата кариера. Неговиот договор со Баерн истекува на крајот од следниот месец.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо ги тргна сите дилеми околу неговата иднина.
„Алаба го потпиша првиот дел од договорот со Реал Мадрид и тука се е комплетирано. Во клубот пристигнува како слободен играч. Официјална потврда ќе биде на крајот од сезоната кога сите документи ќе бидат комплетирани.“ – соопшти Романо на Твитер.
Тогаш станаа свесни и навивачите на Баерн на кои без сомнение и е жал што нивниот тим останува без бекот.
Така еден навивач на Баерн дојде на тренинг на својот клуб, а помеѓу другите го поздрави и Алаба: „Алаба, подобро да работиш со мене градежно, отколку да игра заедно со Винисиус.“
Погледнете како тоа изгледаше:
A Bayern fan outside the team hotel tells Alaba: "Alaba, if you want to play with Vinicius, you better work with me as a construction worker instead."😆😂 pic.twitter.com/iQ4FCUdbEN
— mr jerry🥸🇬🇭🇳🇱 (@ohianiSikaniBa) May 16, 2021