Фудбалерите на Ливерпул се единствен тим покрај Астон Вила со максимален учинок во Лигата на шампионите.
Избраниците на Арне Слот вчера запишаа минимален триумф против Лајпциг, но на теренот беа многу подобар противник и победата е сосема заслужена. Игра одлично Ливерпул и во Премиер лигата каде што по осум кола имаат седум победи и еден пораз со 15 постигнати головии и три примени. Единствениот неуспех го доживеаа против Нотингем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога се гледаат сите натпреварувања „црвените имаат“ 11 победи во 12 одиграни натпревари и тоа е најдобар старт во историјата наа Ливерпул. Слот исто така стана првиот менаџер на Ливерпул кој остварил победи во првите шест гостински натпревари.
Навивачите стравуваа по заминувањето на Клоп, но очигледно нема зошто – Ливерпул сега е дури и подобар!