Арсенал во јануари го доведува најскапото засилување во историјата на клубот, барем така тврдат англиските медиуми.
Навивачите на Арсенал сигурно ќе бидат скептични, но англиските медиуми тврдат дека Венгер договорил големо засилување за во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за фудбалерот кој ги одби во финишот од летниот преоден рок, Тома Лемар. Наводно одличниот фудбалер се согласил на трансфер во јануари, а причина била зголемената понуда од „топџиите“.
Лемар пред себе има 250.000 фунти неделно, тој сакаше трансфер во Ливерпул, но „црвените“ таа сума не можат да си ја дозволат.
Сега, дали ова значи дека Алексис Санчез заминува во јануари, на шест месеци пред истекот на неговиот договор, останува да видиме.
Понудата до Монако останува иста 100 милиони евра, а тоа е и рекорд на клубот, но и Лемар со сума од 14 милиони евра годишно би станал далеку најплатениот „топџија“ во историјата.
Санчез има поголема понуда и тоа од 300.000 фунти неделно за продолжување на договорот, но тој не е расположен да го продолжи договорот со Арсенал, барем не во овој момент, па доколку не замине во јануари идното лето, Арсенал би го изгубил Санчез и не би добил никаква оштета.
Кога во прашање е Лемар, да почекаме, за сега тој е во дрим тимот на играчи кој биле на чекор од Арсенал.