Дома Топ вести Навивачите одлучија: Него го сакаме на клупата на Барселона!

Навивачите одлучија: Него го сакаме на клупата на Барселона!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике синоќа и официјално потврди дека на крајот на сезоната го напушта кормилото на каталонскиот клуб.

„Оваа пресконференција ќе ја завршам на поинаков начин, со објава дека наредната сезона нема да бидам тренер на Барселона. Нема да го обнивам договорот на крајот на сезоната. Ова за мене е многу тешка одлука за која многу размислував. Уште пред да почне сезоната постоеше таа опција, а сега донесов конечна одлука и ја соопштувам јавно“, изјави Луис Енрике.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веднаш после ваквата одлука каталонски „Спорт“ направи анкета меѓу навивачите на Барселона за тоа кого сакаат да го видат следната сезона на кормилото.

Дури 75% од читателите се одлучија за Хорхе Сампаоли, актуелниот тренер на Севиља. Втор во анкетата беше Јирген Клоп со 15% гласови.

На трето место беше тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде со 6% од гласовите, а најмалку поддршка доби Хуан Карлос Унзуе, актуелниот помошник на Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер е подготвен за револуција

Фудбалерите на Интер оваа сезона доминираат во Серија А и се на чекор од нова титула шампи…