Навивачите на Манчестер Јунајтед би можеле се вратат на старите спомени доколку се реализира доведувањето на едно момче кое има само 14 години.
Се работи за синот на некогашниот првотимец на Јунајтед, Фил Невил. Фил е помлад брат на Гери Невил, а своевремено заедно со братот го сочинуваше бековскиот тандем во тимот на Сер Алекс Фергусон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Фил никогаш не беше омилен кај навивачите на клубот и често во него се наоѓаше виновникот за лошите резултати или некои примени погодоци. Сето тоа влијаеше и на одлуката на клубот, кој летото 2005. година го продаде во Евертон.
Сепак 12 години подоцна, неговиот син Хервеј би можел да ги оживее старите спомени, а навивачите се надеваат дека не станува збор за играч со исти квалитети какви што поседуваше Фил.
Хервеј моментално игра за младите категории на Валенсија бидејќи неговиот татко беше асистент тренер во тој шпански клуб пред две години кога Гери Невил го предводеше тимот- што е вистина многу лошо.
Освен Манчстер Јунајтед, за овој фудбалер се интересира и Тотенхем.