Дома Фудбал Останато Навивачите на Јувентус во еуфорија: Зидан најави враќање на тренерската работа!

Навивачите на Јувентус во еуфорија: Зидан најави враќање на тренерската работа!

Зинедин Зидан откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година е без ангажман, меѓутоа според неговата последна изјава тоа наскоро може да се промени.

Новинарите кои го пресретнаа Зидан го прашаа дали тој би бил тренер во Италија и француската легенда не демантираше.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Зошто да не? Се може да се случи, сега сум насочен кон други работи, но сакам да се вратам на тренерската работа“, одговори Зидан.

Во последниот период, но и претходно Зидан се поврзуваше со ангажман во Јувентус каде што во минатото настапуваше како играч. Причината поради која Зидан се поврзува со Јувентус повторно е што позицијата на тренерот Масимилијано Алегри не е сигурна и најголем дел од навивачите бараат негова смена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…