Вчера тимот на Шкупи на домашен терен беше поразен од Македонија Ѓ.П (2:3) со овој пораз продолжи лошата форма на тимот од Чаир.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ако неодамна „Шверцерите“ беа критикувани поради она што го направија во МНТ, сега направија и нешто за пофалба, покажаа дека клубот за кој навиваат им значи, барем на добар дел од нив.
Имено, по поразот од Македонија Ѓ.П дел од навивачите се симнаа теренот, но не за да прават проблеми и да влегуваат во пресметки – за да разговараат со играчите! Тие се симнаа на тревникот и ги „построија“ нивните милиници кои според играта и заслужија такво нешто.

Инаку, Шкупи во последните девет натпревари (куп и првенство) има само една победа, онаа против Академија Пандев во лигата од 3:1.