Дома Фудбал Англија Навивачите на Тотенхем во проблем поради – птици!

Навивачите на Тотенхем во проблем поради – птици!

За среќа се добро се завршило, но ќе мораат да побрзаат.

Вечерва се игра финалето во Лигата на шампионите и тоа е врвот на целата европска сезона во фудбалот. Финалето е во Мадрид и се игра со почеток од 21:00 часот, а актери во него ќе бидат фудбалерите на Ливерпул и Тотенхем.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Навивачите на Тотенхем се соочија со еден несекојдневен проблем.

Имено, Томас Кук авиокомпанијата потврди дека поради напад на птици морале да одложат еден од летовите за Мадрид на дури пет часа додека не добијат услови за полетување од Лондон.

Во тој авион имало голем број навивачи на Тотенхем кои чекале авионот да полета во 11 часот наутро. Место во планираниот термин авионот полетал во 16:30 часот. Очекувањата се во Мадрид овој авион да пристигне на половина час пред почетокот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Леброн го прескокна Џабар на вечната листа, сега пред него има само уште еден кошаркар

Леброн Џејмс е на добар пат да собори уште еден рекорд во НБА лигата. Кошаркарот на Лос Ан…