Натпреварот на Порто против Авеш помина во знакот на Касиљас кој утре би можел да излезе од болница.
Икер Касиљас после срцевиот удар се опоравува и Сара Карбонеро изјави дека утре би можел да биде пуштен дома, иако некои извори тврдеа дека во голема тајност во петокот на ја напуштил болницата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вграден му е стент кој ќе го реши проблемот, но тоа изгледа ќе значи крај на една голема кариера.
Вчера на „Драгао“ направена беше кореографија во чест на Касиљас, а целиот стадион го скандираше неговото име.
Трибините кај што се сместени најжестоките навивачи на Порто разви огромно знаме како поддршка за легендарниот голман.
Инаку, Порто победи во овој натпревар со 4:0, но славеше и Бенфика против Портимоменше со 5:1, па предноста на „Орлите“ останува два бода на две кола пред крајот на првенството.
Наредниот викенд Порто ќе игра против Национал, додека Бенфика е голем фаворит против Рио Аве.
Во последното кол оод сезоната Порто ќе игра против Спортинг, а ниту победа нема да им вреди ништо ако Венфика не изгуби во еден од последните два натпревари, тие ќе ја пречкаат Санта Клара и не е реално да се очекува дека ќе направат кикс.