Дома Македонски спорт Навивачите на Наполи: Не помислувајте да го продадете Елмас!

Навивачите на Наполи: Не помислувајте да го продадете Елмас!

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас подолго време се поврзува со заминување од Наполи, Гатузо не му даваше преголема минутажа на Елиф, а ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со Спалети.

Иднината на Елмас ќе се решава после Европското првенство затоа што сега тој, како и другите репрезентативци е фокусиран само на настапите на Македонија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Елмас вчера одигра одличен натпревар против Казахстан во кој изнуди и пенал и многу често изгледаше како да си поигрува со противничките фудбалери. Меѓутоа во медиумите се појави информација дека може да се пресели во Бенфика.

Таквата информација не беше дочекана со одобрување од фановите на Наполи. Навивачите на Наполи на социјалните мрежи објавуваа видео од еден од подобрите продори на Елиф вчера и порачаа клубот да не помислува да го продаде.

„Елмас е голем талент и воопшто не треба да помислите да го продавате“, гласат дел од пораките.
Ќе потсетиме, Елмас во добро светло се прикажа и во првата контролка против Словенија која заврши без победник 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…