Дома Фудбал Италија Навивачите на Лацио со срамна порака ја згрозија Италија

Навивачите на Лацио со срамна порака ја згрозија Италија

Лацио ја декласираше Сампдорија на „Олимпико“ со 5:1, но убедливата победа остана во сенка на срамното однесивање на навивачите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио игра во фантастична форма и денес стигна со рекордната 11-та победа по ред, па сега е само на еден бод од второпласираниот Интер на табелата и три помалку од лидерот Јувентус.

Лацио е големо изненадување во Серија А оваа сезона и предводен од фантастичниот Чиро Имобиле, кој има 23 гола во Серија А, би можел да се замеше во трката за Скудетото.

Меѓутоа, добрата игра на теренот остана во сенка на срамното однесување на навивачите на трибините кои скандираа: „Заниоло скокај со нас“.

Така навивачите ја исмеваа повредата на ѕвездата на Рома, кој минатата недела ги скина лигаментите на коленото и долго време ќе биде надвор од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Микел Артета ја поттикна револуцијата во Англија! “Ова е жално, неопходно е да ги смениме правилата!” Тренерот на Арсенал ги повика челниците на Премиер лигата!

Микел Артета, тренерот на Арсенал, испрати отворен апел до челниците на Премиер лигата, ба…