Дома Фудбал Италија Навивачите на Интер бесни: Прекинете го ова лажно првенство!

Навивачите на Интер бесни: Прекинете го ова лажно првенство!

Навивачите на Интер ги разбрануваа социјалните мрежи после одложеното дерби против Јувентус.

Дербито Јувентус – Интер требаше да се одигра вечерва, но поради вонредната ситуација со коронавирусот одлучено е тој натпревар да се помести за на 13. мај, тогаш борбата за Скудетото може да биде уште повеќе напната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Одложеното дерби најмногу ги налути навивачите на Интер па на Твтиер отворија акција со ознака #CampionatoFalsato со порака да се прекине првенството.

Навивачите на Интер се свесни дека дербито е полесно да се играше вечерва зад затворени врати како што гласеше првенствената одлука. Интер во тој период ќе има дури осум натпревари (од 3. до 27 мај) посебно ако стигне до финалето на Лигата на Европа.

Интер во овој момент е третопласиран со 54 бода, Јуве има 60 и натпревар повее, а водечкиот Лацио со два натпревари повеќе од Интер е лидер со 62 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…