Дома Трансфер зона Навивачите изненадени: Арсенал се засилува со фудбалер на Раднички?!

Навивачите изненадени: Арсенал се засилува со фудбалер на Раднички?!

Изненадувачка информација поврзана со тимот на Раднички од Крагуевац и фудбалерот Матија Глушчевиќ.

Овој клуб успеа да избори настап во Европа, а потоа младиот фудбалер се најде на списокот на селекторот Стојковиќ за Европското првенство. Сега пристигнува вест дека Арсенал го следи Глушчевиќ.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Информацијата ја објави порталот „Fussballeuropa“, а ако им се верува, покрај Арсенал тој е на радарот на клубови и од шпанската Примера.

Се пишува дека скаутот на Арсенал на мечот од Суперлигата меѓу Црвена звезда и Раднички дошол исклучиво за да го види на дело 19-годишниот Глушчевиќ, кој важи за еден од најбрзите играчи во Србија.

Што се однесува до Шпанците, станува збор за Севиља и Бетис, неговата иднина се очекува да се решава по Европското првенство, секако ако се најде на конечниот список патници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…