Дома Останати Тенис Навивачите загрижени: Ќе игра ли Ѓоковиќ на Австралија Опен?

Навивачите загрижени: Ќе игра ли Ѓоковиќ на Австралија Опен?

Новак Ѓоковиќ денеска беше поразен од на Јунајтед Купот во Перт од Алекс Де Минор со 2:0, но фановите се повеќе загрижени за повредата која го мачеше Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во натпреварот пред Де Минор се повреди, но победи, сепак таа повреда на зглобот му правеше проблеми денеска и тоа можеше да се забележи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На почетокот Ѓоковиќ лесно ги добиваше гемовите, меѓутоа како што времето одминуваше веројатно поради заморот болката во зглобот на Ѓоковиќ беше се посилна, па Де Минор го искористи тоа и успеа да слави.

За Ѓоковиќ ова беше прв пораз на австралиско тло по шест години и 43 победи во низа. Навивачите не се загрижени толку поради овој пораз, туку повеќе поради тоа што повредата дојде непосрeдно пред Австралија Опен кој се игра од 14-ти до 28-ми јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра првиот меч на Мастерсот во Монте Карло, а противник ќе…