Голем број фанови на Барселона овие денови гласаа за „најголемиот“ играч кој го носел каталонскиот дрес.
Очекувањата за многумина сигурно беа да победи Лионел Меси, меѓутоа Аргентинецот не завршил на врвот според мислењето на фановите кои гласале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во ова испитување победил Диего Армандо Марадона кој се уште држи повеќе рекорди во клубот. Зад него следуваа: Роналдињо, Кројф, Иниеста, Чави, Суарез, Роналдо, Пике и Пујол.
На листата не се најдоа имиња како Нејмар или Ривалдо. Шпанските медиуми пишуваат дека можеби желбата која ја покажа Меси да замине изминатото лето влијаела на мислењето кај навивачите.