Мохамед Салах блеска оваа сезона во дресот на Ливерпул и е најдобар стрелец во Премиер лигата. Египетскиот репрезентативец има постигнато 15 гола во 20 натпревари во сите натпреварувања.
Само за споредба, Кутињо минатата сезона беше најдобар стрелец на „црвените“ со 14 постигнати гола во сите натпреварувања.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако Салах ова лето пристигна на „Енфилд“ се почесто се пишува за негово заминување од Ливерпул.
Момдух Абас, поранешниот сопственик на египетскиот Замалек откри дека имал разговор со агентот на Салах и ја откри неговата следна дестинација.
„Салах моментално е дел од една институција која дава се од себе за да го извлече најдоброто од играчите. Салах ја почитува таа институција, а во разговор со неговиот агент заклучивме дека треба да остане во Ливерпул до крајот на сезоната. Ако постигне преку 20 гола оваа сезона, неговата цена ќе скокне преку 100 милиони евра и неговата наредна дестинација најверојатно ќе биде Примера“, откри Мамдух Абас.