Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг се наоѓа под голем притисок на јавноста откако „црвените ѓаволи“ вчера беа поразени од Галатасарај во Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед имаше лош почеток и во англиското првенство, па незадоволството е се поголемо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колку се незадоволни навивачите можеше да се види и во вчерашниот натпревар кога на трибините имаше повеќе фанови на турскиот гигант, отколку домашни навивачи.
Се бара отказ за холандскиот стратег, а најмногу му се замерува на потрошените 55 милиони евра за Андре Онана кој засега изгледа како големо промашување. Ќе потсетиме, Јунајтед поради Онана не го продолжи договорот со Давид Де Геа.
Но, газдите на Манчестер Јунајтед имаат поинакво мислење и тие засега не сметаат дека Те Нахаг треба да биде отпуштен. Холанѓанецот одржал состанок утрово и било одлучено да го води тимот и понатаму.
🚨 Erik ten Hag retains the trust of the Manchester United hierarchy, who consider him the ideal manager to help the team progress in the long term.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 4, 2023
It is internally admitted that he has been plagued by injuries with 12 players out at one point.
(Source: @JamieJackson___) pic.twitter.com/L4XI5lgXud