Дома Трансфер зона Му пропаднаа трансфери во Интер и Наполи, а сега преговара со Милан

Му пропаднаа трансфери во Интер и Наполи, а сега преговара со Милан

Српскиот фудбалер Лазар Самарџиќ ќе има и трет обид да замине од Удинезе. Претходно беше блиску до Интер и Наполи, но на крајот најмногу поради неговиот татко тие трансфери пропаднаа.

Таткото на Самарџиќ во последен момент се обидуваше да извлече повеќе пари, а сега на ред дојде Милан кој сака да го доведе. Според последните информации преговорите веќе започнале.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Првите разговори помеѓу Милан и агентот на Самарџиќ биле позитивни и во неделата која следи би требало да има нови.

Сепак, пред да го доведе Самарџиќ, Милан ќе мора да продаде и еден играч од средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…