Дома Трансфер зона Мурињо ја доби битката, ѕвездата на Марсеј се сели во Рома

Мурињо ја доби битката, ѕвездата на Марсеј се сели во Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е пред комплетирање на трансферот на играчот на Марсеј, Бубакар Камара.

22-годишниот Французин игра одлично во Марсеј, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а тој веќе одби да ја продолжи соработката.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска.

Интерес за него покажуваа многу европски клубови, но последните информации се дека Рома ја победила конкуренцијата.

Камара постигна договор со „волчицата“ и ќе стави потпис на преддоговор, а на лето како слободен агент ќе се пресели на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…