Англиските меидуми во последните денови Манчестер Јунајтед го поврзуваа со синот на легендарниот Патрик Клајверт.
Младиот, Џастин оваа сезона настапува за Ајакс и постигна пет погодоци на 17 настапи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо имаше и разговор со овој фудбалер после финалето во Лигата на Европа во кое Манчестер Јунајтед го совлада Ајакас.
„Те сакам тебе. Ти си посебен. Уште една сезони и ќе дојдеш во Манчестер. Заедно ќе испишуваме историја. Се гледаме во 2018“, му зброувал тогаш Мурињо на младиот Клајверт.
Од тие моменти се до пред неколку дена не се пишуваше ништо за овој трансфер, но сега според изјавите на фудбалерот, но и Мурињо работата е далеку од завршена.
„Мали се шансите да преминам во Јунајтед. Знам колку и вие, секогаш има гласини, но Манчестер Јунајтед никогаш не ме контактирал“, демантираше Клајверт.
Од друга страна Мурињо порача дека сега напаѓач не му е потребен.
„Не зборувам за напаѓачите зошто не ми се потребни, задоволен сум со она што го имам. Ако сакате да шпекулирате за летото, обидете се со други позиции“, изјави Мурињо.