Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е блиску до постигнување на договор за двајца фудбалери кои би требало да ја засилат одбранбената линија на тимот.
Станува збор за двајца фудбалери на Бенфика, Виктор Линделоф и Нелсон Семедо кои наскоро би требало да го облечат дресот на славиот англиски клуб.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Линделоф би требало да му се приклучи на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок. Медиумите тврдат дека трансферот е договорен и ќе изнесува 45 милиони евра.
Што се однесува до Самедо тој ќе пристигне на „Олд Трафорд“ следното лето, а „црвените ѓаволи“ за него ќе платат 41 милион евра.
Овие двајца фудбалери беа на радарот на многу европски гиганти, но Мурињо беше најбрз и ја победи конкуренцијата, па за двата трансфери вкупно ќе плати 86 милиони евра.