Иван Перишиќ игра одлично оваа сезона во дресот на Интер и вчера му донесе победа на „нероаѕурите“ со своите голови.
Медиумите на Италија тврдат дека хрватскиот репрезентативец е на радарот на Жозе Муроњо и дека сака да го донесе на „Олд Трафорд“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Специјалниот“ е воодушевен од тактичката флексибилност на Перишиќ и наскоро ќе исрати официјална понуда до Интер.
Перишиќ би бил идеална замена за Мемфис Депај, и големо засилување за „црвените ѓаволи“ по левата крилна позиција.
Сепак, „нероаѕурите“ не сакаат да слушнат за продажба на Хрватот, особено не во зимскиот преоден рок.
Меѓутоа работите можат да се променат следното лето, особено ако „нероаѕурите“ не успеат да изборат пласман во Лигата на шампиони.