Победата од 2:0 против Барнли како барем малку да ги смири страстите во Јунајтед.
Жозе Мурињо беше под голем притисок на јавноста и медиумите на Островот после лошиот старт на сезоната, а според изјавата на Немања Матиќ Мурињо со настапите на прес-конференцииите само сакал да го навлече бесот на себе и да ги заштити играчите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знае Мурињо добро што прави и вие медиумите знаете што е добро за нас. Жозе е експерт да се избори со притисокот, затоа е и тренер на Манчестер Јунајтед“, изјави Матиќ.
Со головите на Лукаку победена е тврдата екипа на Барнли на гостински терен.
„Бевме полни со самодоверба пред натпреварот, тренерот ни кажа како да играме и тоа го направивме. Знаевме дека ќе играат да долги топки, затоа Маруан игра малку поблиску до одбраната, за да ги спречи тие проблеми. Се уште сме во игра за титулата“, заврши Матиќ.
Јунајтед после првите четири кола има освоено шест бодови.