Дома Фудбал Англија Мурињо се огласи со официјално соопштение!

Мурињо се огласи со официјално соопштение!

Жозе Мурињо вчера после лошите резултати заработи отказ во Манчестер Јунајтед.

Во клубот Мурињо го наследи легендарниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер. Медиумите на два пати стигнуваа во контакт со Жозе после отказот, но тој ниту еднаш не кажа ништо конкретно.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега Португалецот се огласи преку официјално соопштение.

„Горд сум на Манчестер Јунајтед уште првиот ден кога пристигнав и верувам дека навивачите го препознаваат тоа. Како и во останатите клубови, работев со прекрасни луѓе и со некои од нив мислам дека ќе остнаам пријател цел живот. Сите сте свесни за моите професионални принципи. Кога и да завршам едно поглавје ги почитувам и не коментирам ништо за моите поранешни колеги. Се надевам дека медиумите исто така ќе ја почитуваат мојата приватност и ќе ме остават да си го живеам животот додека се вратам на фудбалот. Среќен Божиќ“,

гласи соопштението на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

После Де Брујне и Хојлунд, Наполи носи нова ѕвезда од Премиер Лигата

Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната стр…