Дома Фудбал Англија Мурињо: Само една работа може да го спречи Ливерпул да не ја освои титулата

Мурињо: Само една работа може да го спречи Ливерпул да не ја освои титулата

Ливерпул во големото дерби во Премиер лигата вчера го победи Манчестер Сити со 3:1 и направи голем чекор кон титулата шампион.

Головите за „црвените“ ги постигнаа Фабињо (6), Салах (13) и Мане (50). Почесниот гол за Сити беше дело на Бернардо Силва во 77-та минута. Ливерпул со оваа победа се издвои на првата позиција и на најголемиот ривал Сити му побегна на големи девет бода.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Натпреварот и ситуацијата во Премиер лигата после натпреварот ја искоментира Жозе Мурињо кој смета дека трката за титулата е завршена.

„Гвардиола и Сити веројатно не мислат дека е завршено, но тие се внатре и гледаат начини на кои можат да дојдат до титулата. Но, јас од тука од студиово мислам дека е се завршено. Освен ако не се случи некоја драматична ситуација со повреди кај Ливерпул. Сега само една работа може да го спречи Ливерпул да ја освои титулата, а тоа се повредите“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…