Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека малку веројатно е Роналдо да игра на Мундијалот во Катар, но потенцираше и дека тој е суперемен и дека никогаш не се знае.
Мурињо зборуваше за најдобрите двајца играчи во светот Меси и Роналдо за кои кажа дека веројатно го играат последниот Мундијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„До сега играа неверојатно за клубовите, но исто така се тридат и за својата држава да дадат се од себе. Мислам дека двајцата во Русија го играат нивниот последен Мундијал“, изјави Мурињо.
Роналдо наполни 33 години во фервруари, додека Меси за неколку дена ќе има 31 година.
„Од физичка гледна точка, Роналдо е супермен. Тој може да игра во Катар за четири години доколку сака, но четири години на највисоко ниво и потоа повторно да заигра на Мундиајл изгледа тешко остварливо“, изјави Жозе кој потоа зборуваше за Меси.
„Меси е помалд и би можел да зиагра за Аргентина за четири години. Но исто мислам дека нема да му биде лесно. Двајцата ќе дадат се од себе на овој Мундијал бидејќи тоа е единствениот трофеј кој им недостасува“, заклучи Мурињо.