Дома Фудбал Италија Мурињо: Рим е специјален град, сакам да и донесам трофеи на Рома

Мурињо: Рим е специјален град, сакам да и донесам трофеи на Рома

Жозе Мурињо тврди дека многу се променил од времето кога беше на кормилото на Интер и истакна дека негова главна цел е да и донесе трофеи на Рома.

„Го имав посетено Рим како турист, но сега секој ден живеам овде и навистина е прекрасно. Во Милано беше поинаку, бидејќи тренинг центарот и мојот дом беа надвор од градот, па моите деца одеа на училиште во Лугано. Овде е различно бидејќи живеам во центарот на Рим и тоа ми помага да видам колку специјален клуб е Рома“, истакна Мурињо.

„Сакам да и донесам трофеи на Рома, затоа што еден клуб живеа за трофеи. Навивачите живеат за Рома, но недостасуваат големи трофеи и ние почнавме да градиме проект со кој во иднина ќе се освојуваат трофеи. Сакам да се случи додека сум јас во клубот“, додаде „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кин сака да игра во Лигата на шампионите, го бојкотирал тренингот на Фиорентина!

Мојзе Кен, кој играше одлично во претходните неколку сезони во дресот на Фиорентина, е реш…