Eкипата на Рома победи против Шериф во Лигата на Европа, но во овој натпревар повреда заработи летното засилување на „волчицата“, Ренато Санчез.
Португалскиот фудбалер постигна гол во неделата против Емполи и вчера беше стартер против Шериф, но со новата повреда мораше да биде заменет уште во 28. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблеми со повредите Санчез имаше и претходно во ПСЖ и Баерн. Жозе Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот го изрази незадоволството од ваквата ситуација со неговиот сонародник.
„Добро знаеме каков играч е Санчез, но потребно му е време да влезе во ритам. Повредите го спречуваат да биде стандарден. Навистина немам објаснување, во Баерн не успеаа да најдат решение, исто и во ПСЖ, сега ние се обидуваме да разбереме што е проблемот“, изјави Мурињо.