Дома Фудбал Останато Мурињо: Премногу се плаќа за фудбалери од „втора класа“

Мурињо: Премногу се плаќа за фудбалери од „втора класа“

Португалскиот тренер и менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека големите оштети кои се плаќаат во последно време на трансфер пазарот претставуваат опасност за фудбалот.

Иако и во претходните трансфер периоди се плаќаа високи суми за фудбалери, во овој период тоа е посебно истакнато.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последните денови најмногу се пишува за Килијан Мбапе и Нејмар, доколку овие играчи ја променат средината фудбалот повеќе никогаш нема да биде ист, барем така тврдат стручњаците.  Нејмар би можел да направи трансфер во ПСЖ за 222 милиони евра, додека Мбапе се поврзува со Реал Мадрид за сума од 180 милиони евра.

Португалецот, Жозе Мурињо смета дека трошењето пари за фудбалери веќе стигнало до опасни граници. Сепак, Мурињо не гледа опасност во мега трансферите како на Меси, Роналдо, Нејмар, туку во оние од „втората класа“.

„Нормално е за најголемите таленти како Нејмар и Погба да се бара толкава оштета, но тие трансфери не се проблем. Нив ги има премалку. Поголем проблем се оние од „втората група“ кои ги има повеќе од 100, а вредноста им се движи од 40 до 60 милиони евра. Сега со таква леснотија се зборува за толкави суми и тоа е веќе опасна зона“, смета Мурињо.

Да потсетиме, Манчестер Јунајтед минатото лето плати 105 милиони евра за Пол Погба, додека ова лето пристигнаа Виктор Линделоф и Ромелу Лукаку за кого клубот од „Олд Трафорд“ плати 135 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…