Андреа Конти, едно од бројните засилувања на Милан, изрази желба на „Сан Сиро“ да пристигне и Златан Ибрахимовиќ.
Ибра беше исклучително успешен во Милан, а ова лето го напушти Манчестер Јунајтед и како слободен играч се уште чека нов клуб. Постоеа гласини кои говорат дека повторно би можел да го облече црвено-црниот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Златан е фантастичен играч, освои се и дефинитивно би ни бил од голема помош“, истакна Конти, кој во редовите на Милан пристигна од Аталанта.
Во меѓувреме, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го наговестува можниот кам бек на Ибрахимовиќ, иако тоа е тешко да се очекува.
„Можеби ќе остане кај нас. Не доби договор, но уште е блиску до Манчестер. Фактот дека играме на Суперкупот делумно е негова заслуга“, истакна Мурињо.