Дома Фудбал Англија Мурињо потврди: Повредата на Михтарјан не е сериозна!

Мурињо потврди: Повредата на Михтарјан не е сериозна!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека повредата на Хенрих Михтарјан не е сериозна.

Ерменскиот репрезентативец го постигна единствениот гол во дербито, но поради повреда на носилки беше изнесен од теренот. Според Мурињо повредата не е сериозна и Михтаријан ќе паузира само еден натпревар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Делува дека нема да игра само на првиот нареден меч, во среда против Кристал Палас. Се чини дека повредата не е сериозна, нема потреба од операција или подолга пауза“, изјави Мурињо.

Мхитаријан во летниот преоден рок за речиси 38 милиони евра на „Олд Трафорд“ пристигна од Борусија Дортмунд. Но по доаѓањето имаше проблеми со повредите и формата поради што не играше многу, но во последно време влегува во ритам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси го објави најголемиот губиток во историјата на Премиер лигата

Челси го објави рекордниот губиток во Премиер лигата пред оданочување. Дефицитот од 262 ми…