Дома Фудбал Англија Мурињо повторно има замерки до УЕФА

Мурињо повторно има замерки до УЕФА

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо упати критики на адреса на европската куќа на фудбалот и се пожали на лошата состојба на теренот во Одеса.

„Специјалниот“ вечерва имаше средба со медиумите во пресрет на дуелот со Зорја во Лига Европа, и ја искористи пресконференцијата да распали по УЕФА, но и по организаторите на Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мурињо го констатираше со незадоволство фактот дека Манчестер Јунајтед не играат натпревари од првенството во понеделник, откако во четврток има ангажман во Лига Европа.

„Уште во самиот почеток тврдеа дека Лига Европа е важен турнир за нас, но тешко е бидејќи мораме да играме во четврток, а потоа во недела. Никогаш немаме натпревар во понеделник, за да можеме да се одмориме еден ден повеќе и да се подготвиме подобро. Затоа овој турнир е тежок, но сепак ќе се обидеме да победиме и да се пласираме за елиминациската фаза. Потоа, чекор по чекор, ќе се обидеме да дојдеме што е можно подалеку“, изјави Мурињо, а потоа ја нападна УЕФА.

„Многу е ладно, теренот е лош, тврд и замрзнат. Мислам дека во УЕФА знаат многу добро каква е состојбата на теренот. Сите се свесни дека условите во Украина и Источна Европа во средината на декември се повеќе од сериозни. Ако УЕФА се интересираше од тоа, би требало да ја промени програмата и да не дозволува тука да се играат натпревари во средината на декември. Мислам дека ова е проблем“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…