Тешката повреда на коленото го сопре Златан Ибрахимовиќ кога на „Олд Трафорд“ требаше да остави длабок траг и тоа кон крајот на својата кариера.
Фудбалската мега ѕвезда која во свооите игрчи, но и во животната филозофија совршено ги вклопи системот и знаењата со кои порасна, скандинавската и балканска, сега се подготвува за големо враќање, кое никој не знае дали ќе биде во дресот на „Црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова мислење го дели и тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо кој не штедеше пофални зборови за својот омилен фудбалер.
„Ние сите во Јунајтед мислиме дека ова е последна сезона на Златан со нас. Тоа ќе биде негова и само негова одлука, дали ќе игра или престане. Мислам дека тој го доби правото да го бира животот во иднината. Тој е неверојатен играч со неверојатна кариера што ужасната повреда во лош момент му прекина неколку фантастични сезони. Тој не се чувствува потполно среќен, подготвен и убеден дека може да ни помогне во овој момент. Напорно работи и се наеева дека ќе успее да ја постигна формата која сака“.
Засега не е познато каде Швеѓанецот би можел да ја продолжи кариерата до крајот на сезоната во Премиер лигата, но сигурно ќе може да бира. Доколку не биде задоволен со понудата во Европа, сигурно во Кина, Америка и Индија го чекаат милиони. За Златан нема зима.