Дома Фудбал Мурињо остана со десетмина на теренот. Преку момче кое собираше топки му испрати порака на голманот

Мурињо остана со десетмина на теренот. Преку момче кое собираше топки му испрати порака на голманот

Во последниот натпревар од неделната програма од 15. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Рома и Фиорентина одиграа 1:1. Рома поведе на самото отворање на мечот кога Лукаку во 5. минута погоди со глава по центаршутот на Дибала, но на крајот мораше да се задоволи со бод бидејќи мечот го заврши со двајца играчи помалку.

При резултат 1:0 во 64. минута Залевски беше исклучен поради втор жолт картон, а само две минути подоцна Мартинез Кварта со одличен удар со глава израмни на 1:1. Во 87. минута и Лукаку доби директен црвен картон поради преостар старт.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, во свој стил реагираше на ваквите случувања. Португалскиот на лист напишал и нацртал со маркер како сака неговиот тим да одигра до крај. Момче кое собираше топки му ја однел пораката на голманот Руи Патрисио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …