Рома се подготвува за фамозната втора сезона под водство на Мурињо.
Добро е познато дека тогаш Португалецот е најопасен со своите клубови, навивачите на клубот од Рим секако сакаат да се вратат на врвот во Серија А. Минатата сезона го донесе трофејот од Конференциската лига, прв трофеј на Рома по 11 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетокот на месецот клубот го доведе Немања Матиќ. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Челзи по пет години минати на „Олд Трафорд“ пристигна во „вечниот град“ како слободен играч.
Сега медиумите во Италија пренесуваат дека Рома може да му доведе негов сонародник. Според информациите на Ди Марцио, на мета на „волчицата е Саша Лукиќ.
Лукуиќ беше стандарден во Торино каде што постигна пет гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Серија А. Претседателот на Торино, Урбано Каиро истакна дека не сака да го продаде српскиот фудбалер кој се проценува на 15 милиони евра.