Манчестер Јунајтед е во одлична серија, синоќа ја запишта шестата победа по ред во Премиер лигата, па Мурињо конечно може да биде задоволен.
„Имам чувство дека можеме да го добиеме следниот натпревар. Не бркаме рекорди, бркаме добри партии и бодови. Знаеме дека Челзи или Тотенхем ќе ги загубат бодовите, како Ливерпул и Сити минатата седмица. Игравме добро, но на многу натпревари направивме киксови. Сега имаме 18 бодови од шест натпревари и токму тоа е тоа што ни е потребно“, истакна Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот со Вест Хем го одбележаа неколку судиски грешки, па „чеканите“ скоро цел натпревар играа со играч помалку.
„Не можам да го коментирам црвениот картон. Бев премногу далеку и затоа ќе мора да ја прегледам снимката. Во првиот дел од сезоната морав да се научам како да зборувам, поради поништениот гол на Ибрахимовиќ, чистиот пенал против Кристал Палас. Не ми е жал за Вест Хем. Ако веќе зборуваме за судењето, ние сме шампиони по судиските грешки“, заклучи „Специјалниот“.