Дома Трансфер зона Мурињо најде замена за Џеко

Мурињо најде замена за Џеко

Ова лето Един Џеко готово сигурно ќе ја напушти Рома, па приоритет на клубот ќе биде доведување на нов напаѓач.

„Волчицата“ веќе бара замена за 35-годишниот напаѓач, а прва мета е ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњес.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Рома сигурно ќе треба да понуди најмалку 40 милиони евра за неговиот потпис.

Мурињо веќе подолго време го следи голгетерот на Бенфика и смета дека ќе биде идеален за неговиот стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…