Жозе Мурињо сака да ги засили бековските позиции за следната сезона, а англиските медиуми тврдат дека „Специјалниот“ пронашол решение за десната бековска позиција.
Вече е познато дека Манчестер Јунајтед ќе го продаде Матео Дармијан на крајот на сезоната. Италијанецот не е стандарден на „Олд Трафорд“, но „црвените ѓаволи“ од неговата продажба ќе инаксираат околу 20 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Муроњо го сака Жоао Кансело, кој оваа сезона игра на позајмица во Интер, а е во сопственост на Валенсија. „Нероаѕурите“ имаат опција да го откупат на крајот на сезоната за 35 милиони евра, но не се спремни да ја платат таа сума.
Валенсија не сака да ја спушти цената на Португалецот, бидејќи Мурињо е спремен да ја плати сумата од 35 милиони евра и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер Жорге Мендеш.