Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е премногу лут на управата на овој клуб.
Јунајтед за сега има и не така успешен летен трансфер период во кој успеаа да го доведат само Виктор Линделоф од Бенфика за 29 милиони фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На нивниот радар има уште многу фудбалери, а во првиот ред се Немања Матиќ, Иван Перишиќ и Алваро Мората. Сепак, управата на клубот очигледно многу бавно работи кога станува збор за овие трансфери, а Мурињо има намера да ги доведе новите засилувања пред да тимот да си замине на подготовки во САД.
Сепак, ќе мора малку да почека за да ги види новите лица на „Олд Трафорд“, а за сега се е поизвесно дека првиот меѓу нив ќе биде Немања Матиќ. Србинот на „Олд Трафорд“ би требало да пристигне за нешто помалку од 30 милиони фунти, а неговиот трансфер наводно би требало да биде официјализиран пред неколку дена, но од тоа се уште нема ништо.
Потсетуваме, клубот неодамна му се заблагодари на Златан Ибрахимовиќ по само една сезона, така да во овој трансфер период приоритетен трансфер е доведување на напаѓач.