Сo пораз од 4:1 кај Џенова во шестото коло во Серија А, Рома и нејзиниот тренер Жозе Мурињо остварија историски дебакл.
По првите шест натпревари, Рома има само пет бода, што е нејзин најлош почеток на сезоната во „ерата на три бода“, која започна во Италија во 1994 година.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Нејзиниот тренер, Мурињо, никогаш во својата 23-годишна кариера не започнала така.
Досега најлошиот старт на сезоната му беше во 2015/2016 година, но тогаш со Челзи освои седум бода во првите шест кола, два повеќе од сега со Рома.
Да додадеме дека во гореспоменатата сезона во Челзи поради очајни резултати и револт на играчите доби отказ во декември.
Колкав е дебаклот на Мурињо во Рома говори податокот дека тој имаше подобар скор во првите шест кола дури и како дебитант во португалскиот клуб Униао Леирија, со кој освои девет бода.
Во сите останати сезони на клупите на Порто, Челзи, Интер, Реал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома имаше најмалку 10 бода по првите шест кола.