Рома продолжи со бледите партии и денес запиша нов пораз, овој пат на гостувањето кај Венеција.




Домаќините одлично го започнаа мечот и во 3-та минута дојде до водство со голот на Калдара.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Потоа следуваше период во кој доминираше Рома, создаваше шанси при крајот на полувремето конечно ги материјализираа шансите. Шумородов и Абарахам погодија за комплетен пресврт.




На стартот на вториот дел „волчицата“ промаши неколку шанси, па следуваше казна. Најпрво Араму израмни од пенал во 65-та минута, а десет минути подоцна Окереке погоди за конечни 3:2.




После овој меч додатно се продлабочи кризата во Рома и сериозно се разниша позицијата на Мурињо.