Дома Топ вести Мурињо: Знам дека Реал го сака Де Геа, но…

Мурињо: Знам дека Реал го сака Де Геа, но…

Жозе Мурињо не е загрижен за интересот од страна на Реал Мадрид за Давид де Геа бидејќи смета дека Флорентино Перез нема да му работи зад грб.

Изминативе денови повторно актуелна е темата за инетресот на „кралевите“ за голманот на Манчестер Јунајтед, но Мурињо има интересно видувања на ситуацијата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Специјалниот“ смета дека Флорентино Перез му е пријател и дека ќе го задржи таквиот дискурс и кога е овој трансфер во прашање.

„Господинот Перез и неговата десна рака Хосе Анхел Санчез ми се пријатели, добри пријатели. И пријателите разговараат, пријателите се отворени, пријателите се искрени. Па доколку по крајот на сезоната сакам некој нивни играч или пак тие сакаат некој наш играч, нема да го правиме тоа преку медиумите“, изјави Португалецот.

„Нема преку весниците да разменуваме пораки. Ќе разговараме директно. Па затоа Реал Мадрид воопшти не ме загрижува”, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…