Манчестер Јунајтед со победа ја започна турнејата во САД, а после натпреварот Мурињо проговори за можноста да се врати Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“.
Роналдо на почетокот на преодниот рок беше поврзуван со трансфер во Јунајтед, клуб во кој со голем успех настапуваше во периодот од 2003 до 2009 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Никогаш не сме размислувале за трансферот на Роналдо, бидејќи тој е многу важен играч за Реал, клуб кој поседува голема економска моќ. Не можевме да пронајдеме ниту една причина поради која тој би го напуштил Реал. Не ја поддржувам тезата Јунајтед да губи време на фудбалери чии трансфер е невозможен“, изјави Мурињо.
Исто така португалскиот тренер проговори и за нереализираниот трансфер на соиграчот на Роналдо, Алваро Мората. Според него сумата од 80 милиони евра која ја бара Реал била преголема за неговиот клуб.