Дома Топ вести Мурињо: За пет години сите ќе плачеме по Меси!

Мурињо: За пет години сите ќе плачеме по Меси!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо на големо изненадување искажа големи комплименти на адреса на Лео Меси и истакна дека фудбалскиот свет ќе плаче после неговото пензионирање.

Мурињо готово секогаш беше на страната на својот сонародник Кристиано Роналдо, особено кога беше на клупата на Реал, но никогаш не го криел своето воодушевување од Меси.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„За пет години Меси ќе има 34 години. Целиот свет тогаш ќе плаче кога ќе свати дека Меси за жал на 34 години и дека е при крај на кариерата“, истакна Мурињо и додаде:
„Поминував часови и часови размислувајќи како да го запреме. Но, кога има ден Меси едноставно е незадржлив“, заклучи „Специјалниот“.

За време на неговиот престој во Реал, Меси беше далеку поуспешен во дуелите. Токму затоа може да се каже дека најголемата понеда Мурињо против Меси ја оствари со Интер во полуфиналето од ЛШ во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…