Maнчестер Јунајтед предводен од Жозе Мурињо, ќе се обиде да доведе фудбалер од второ по ранг натпреварување во Англија.
На оние кои го следат англискиот фудбал им е добро познато дека Фулам во своите редови го има еден од најталентираните англиски фудбалери. Се работи за 17 годишниот Рајан Сесењо, кој игра по левата страна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Фулам и во текот на минатата сезона му даваше шанса на Сесењо кој го користеше како лев бек.
Сесењо на 30 настапи минатата сезона запиша седум погодоци и три асистенции, а островските медиуми често го споредуваат со огромната желба на Жозе Мурињо од Реал Мадрид, Герет Бејл.
Покрај Јунајтед во претходниот период интерес за овој фудбалер покажаа и екипите на Ливерпул и Тотенхем. Како што пренесуваат медиумите во Англија, управата на клубот е спремна да ги одиба сите понуди кои се пониски од 25 милиони фунти.